Унгарци, Казахстанци и Азербејџанци го чекаат Борец во Анталија

Македонскиот прволигаш Борец заминува на подготовки во Анталија и таму ќе одигра приајтелски натпревари на кои ќе ја темпира формата.

Тренерот Благоја Левков ќе ги има сите фудбалери на располгање, вклучувајќи ги и новите засилувања кои пристигнаа за време на престојот во Велес и ќе се играат три пријателски натпревари.

Првиот дуел е закажан на 17 јануари против унгарски МТК, а два дена подоцна, на 19 јануари тимот ќе се судри со Кашпи од Казахстан. Третиот приајтелски натпревар е закажан на 21 јануари, противник ќе биде Кабала од Азербејџан.

Во пролетниот дел од сезоната Борец ќе има тешка задача да избори опстанок во ПМФЛ, затоа што по 18. кола е на 11. место, со 12 освоени бода. Во првото коло по паузата велешани ќе се сретнат со Скопје, натпревар кој е закажан за на 13 февруари.