ВИДЕО: Унахи му откина два бода и ја продлабочи кризата на Лил

Фудбалерите на Лил не успеаја да слават и четврти меч во низа во француската Лига 1, откако на својот „Пјер Мороа“ одиграа реми со Анжер од 1-1 (1-0). Иако „догите“ долго водеа против ривалот против кој беа голем фаворит, со погодокот на Азедин Унахи гостите освоија бод. 

  • Лил - Анжер 1-1: 

Анжер тргна подобро, Унахи се обиде по само две минути со удар малку крај голот. Врати на спротивната страна Џонатан Дејвид, а по него за гостите се заканија Томас и Кабот. Сепак, резултатот успеа да го отвори Тиаго Џало, со погодок по центаршут на Ренато Санчез. Бекот во 27. минута донесе предност за Лил. 

Вториот дел почна мирно, Анжер се обиде преку Буфал и Чо, ама голманот Иво Грбиќ беше присебен и го спаси својот гол. За Лил најдобрата шанса ја имаше Јусуф Јазиџи, но ниту тој не реализираше. 

Израмнувачкиот погодок дојде во 83. минута од натпреварот, а беше дело на Унахи. Мароканецот беше проигран од Брахими, па стрелаше за 1-1 и реми на неговиот тим. До крајот на мечот се играше со висока тензија, Јазиџи се обиде да донесе победа за Лил ама не успеа, а во завршницата црвен картон заработи резервистот Онана. 

Колото беше отворено синоќа со убедливата победа на Ленс против Троа со 4-0. 

Состави

Bruno Genesio

4-4-2

    Alexandre Dujeux

    3-4-3