• Зоран Мишевски

Иако можеби на почетокот од натпреварувањето никој не можеше да прогнозира или претпостави, финалисти на Купот на Франција ќе бидат екипи кои немаат трофеј во ова натпреварување во овој милениум.
Нант е првиот финалист на францускиот Куп, откако вечерва во полуфиналниот дуел го совлада Олимпик Лион на Лоран Блан со 1-0 (0-0). Заморот кај фудбалерите на Лион, кои во неделата го освладаа Париз на гостински терен со 0-1 беше видлив и момците на Блан скапо ја платија цената на тие три бода.
Со голот на Лудовик Блас во 57. минута екипата на Нант стигна до водство, кое не го испушти до самиот крај. Тимот на Антоан Камбуаре така ја круниса сезоната, дојде на чекор до трофеј и нов излез во европските клупски натпреварувања.
Подобриот од дуелот меѓу Анеси и Тулуз ќе биде противник на Нант во мајското финале во Париз.