Умит Каран прозиваше на „Чаир“, Јусуфи единствено ново име

Екипата која што во последната минута од последното коло се избори за пласман во фудбалска Европа оваа сезона, Шкупи, денес ги започна подготовките за сезоната 2019/20. Тренерот Умир Каран по краткиот состанок, денес го диригираше првиот тренинг на „Чаир“.

Со засилувањето Јусуфи и враќањето од позајмици на Јусуф Алиу, Мусли Лика и Бесир Рамадани, „гулабите“ го одработија првиот тренинг, кој беше главно физичко оптеретување по скопската жега. Шкупи најави дека преодниот рок само што започна и клубот сигурно значително ќе се засили за предизвиците пред кои се наоѓа.

Минатата сезона, европската ждрепка го донесе Глазгов Ренџерс во Скопје, а утре Шкупи ќе го дознае името на првиот противник во квалификациите во Лигата на Европа.