Украинскиот великан ќе игра мечеви од ЛШ во друга земја

Украинските клубови (засега) не може да играат домашни натпревари на свој терен поради воениот конфликт во Источна Европа, па размислуваат каде би ги играле мечевите како алтернатива.

Шахтјор одлучи дуелите да ги игра во Полска, а на ист чекор ќе тргне и Динамо Киев. Двата клуба имаа турнеја за мир низ која играа пријателски натпревари со екипи ширум Европа, а легендарниот Мирчеа Луческу кој има титули со двата најголеми украински тимови потврди дека Полска е сериозна опција.

Како голем плус се наведува што Полска е голема земја, плус во неа има многу Украинци. Секако, двата клуба сакаат да играат во Киев, но не знаат дали ќе имаат можност и кога војната ќе престане.

Динамо Киев ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите, додека Шахтјор е директно во групната фаза.