Украинците ги „палат“ моторите, првенството продолжува в сабота

Украинскиот фудбалски сојуз е последниот кој даде „зелено светло“ за играње фудбалски натпревари.

Првенството на Украина ќе продолжи овој викенд, а очекувано на трибините нема да има навивачи. Тоа е една од основните мерки кои земјите мора да ја почитуваат со цел да му се вратат на спортот.

Тамошното Министерство за здравје им даде дозвола на екипите да се подготвуваат за завршницата од сезоната. Таа треба да продолжи в сабота, а крајот се очекува некаде околу 19 јули.

Плеј-офот за места во евро-куповите, пак, ќе се одржат десет дена подоцна. Паузата на фудбалската сезона во оваа држава трае од 15 март, кога беше ставен прекин поради коронавирусот.

Полека се „будат“ сите првенства во Европа, кои ја користат моменталната ситуација со ковид-19 за да му се вратат на нормалното одржување на спортските настани.