Во дербито на 7. коло на украинската Премиер лига, фудбалерите на Шахтјор на домашен терен одиграа 1-1 (0-1) со најголемиот ривал за титулата Динамо Киев. Натпреварот, кој беше 50. лигашко дерби се одигра во Харков пред 40.000 гледачи, бидејќи Шахтјор поради политичките превирања во Украина не може да игра на својата „Домбас арена“.