ВИДЕО: Украина слави во Глазгов и ќе игра со Велс за место во Катар!

Репрезентацијата на Украина успеа да слави на „Хампден Парк“ против Шкотска со 1-3 (0-1) во полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство. Натпреварот кој поради војната беше одложен и не се одигра во март им припадна на гостите кои ќе го предизвикаат Велс за последното европско место во Катар. 

  • Извештај од натпреварот: 

Првата закана по домашниот гол ја упати Виктор Тсиганков, а по него се закани Андриј Јармоленко. За отворање на резултатот се чекаше до 33. минута, кога токму Јармоленко стрелаше за 0-1 на Украинците. Малиновски упати неверојатна долга топка од својата половина, ја прескокна одбраната и му се намести на напаѓачот кој со убав лоб удар погоди за предност. 

Шкотланѓаните се обидоа да се наметнат и да се вратат во натпреварот, меѓутоа тоа не им појде од рака. На стартот на вториот дел Роман Јаремчук ја удвои предноста на Украинците по асистенција од Караваев, па од 49. минута на семафорот во Глазгов стоеше 0-2. 

Домашните фудбалери по многуте промени успеаја да постигнат погодок кој ја врати надежта. Течеше 78. минута кога Калум МекГрегор намали на 1-2, ама до крајот Шкотска остана без сили и го загуби натпреварот. Во последните секунди од натпреварот офанзивата на домаќинот и високата поставеност ја искористи Артем Довбик кој во 95. минута ги постави конечните 1-3. 

Украина ќе се бори за последниот билет за Катар против репрезентацијата на Велс. 

Состави

Steve Clarke

5-3-2

    Руслан Ротан

    4-1-4-1