ВИДЕО: Украина се распука во вториот дел и со „петарда“ си оди од Ереван

Фудбалската репрезентација на Украина барем накратко го презеде првото место во групата 1 во Б конкуренцијата на Лигата на нациите, откако славеше на гостувањето кај Ерменија со убедливи 0-5 (0-1) во меч од петтата рунда. 

  • Извештај од натпреварот: 

Пресметката на „Вазген Саргсијан“ во Ереван понуди еден гол во првиот, но дури четири во вториот дел и голема победа на гостинската селекција. До 22. минута мрежите мируваа, а тогаш Тимчук по асистенција од Зубков стрела за украинско водство од 0-1. На стартот на вториот дел, Тимчук ја врати услугата и го проигра Зубков кој стрелаше за удвојување на предноста во 57. минута. 

Иако имаше доста измени и пад на темпото, селекцијата на Украина одигра убедливо. Резервистот Аргем Довбик беше двоен стрелец, но и асистент при голот на Игнатенко, а тоа значеше и висока победа на оваа селекција. 

Во групата Украинците моментално се лидер со десет бода, меѓутоа на првото место може да се врати Шкотска дури и со реми против Ирска. Разврската за пласман во плеј-офот ќе се добие во завршната рунда со дуелот меѓу Украина и Шкотска. 

Состави

Joaquin Caparros

5-3-2

    Олександар Петраков

    3-4-3