• Саше Љолес
Младата репрезентација на Украина славеше со -2 (0-1) над селекцијата на Финска и ги освои првите три бода во групата Д на Европското У21 првенство во Словачка.
Украинците победија со головите на Владимир Ванат и Максим Брагару, кои стрелаа по еднаш во двете полувремиња, сосема доволно за освојување на целиот плен. За Украина ова е прва победа на континенталниот собир. Лидер во оваа конкуренција е Данска, која исто така има три бода, но пред себе има меч против селекцијата на Холандија.
Репрезентацијата на Англија не ја оправда фаворитската улога на натпреварот против Словенија и ремизираше со најнепопуларниот резултат во фудбалот (0-0).
„Трите лава“ остануваат на врвот на табелата во групата Б, каде се уште селекциите на Германија и Чешка.
ФОТО/PHOTO: UEFA EURO U21