Украина ќе дозволи фудбал, но пред празни трибини

Фудбалскиот шампионат на Украина ќе продолжи ова лето и се очекува да започне на 23 август. 

Челниците на федерацијата потврдија дека натпревари ќе се играат, но пред празни трибини. Покрај сите стадиони ќе има засолништа, доколку се појави опасност од воздушни напади.

„Важно е фудбалот и сите други национални првенства да продолжат. Ништо не може да го спречи напредокот“, изјави Министерот за спорт, Вадим Гутсаит.

Воената операција на Русија на 24 февруари стави крај на фудбалот во Украина. Рестарт ќе се случи на Денот кога се слави украинското знаме.