• Саше Љолес
Претседателот на организацијата на шпанските фудбалски лиги, Хавиер Тебас, упати директен апел до ФИФА да го откаже најавеното Светско клупско првенство, кое следната година треба да се одржи во Соединетите Американски Држави.
На оваа иницијатива помалку неочекувано се придружи и директорот на американската МЛС лига, Дон Грабер, кој смета дека ова натпреварување е непотребно и ја обвини ФИФА за монопол врз календарот кој сѐ повеќе им задава проблеми на фудбалерите.
„Потполно го разбирам ставот на колегата Тебас. Мора да водиме сметка за календарот на натпревари и да влијаеме врз одлуките на ФИФА. Јас веднаш би го исклучил кпупскиот Мундијал, сметам дека е тотално непотребен.
Нашата лига се грижи за сите играчи и сакаме тие да се фокусираат на најважните работи во текот на сезоната. Ова само ќе ги истошти уште повеќе, а голем дел од нив за две години треба да играат на Светското првенство“, рече Гребер.
ФИФА веќе се соочува со одредени проблеми околу Светското клупско првенство, а на нејзина адреса пристигнаа тужби од Здружението на европски лиги и од ФИФПро Европа - синдикатот на фудбалери од стариот континент.