Ујпешт на Барди и Ангелов поразен од Ференцварош во Куп финалето на Унгарија

Екипата на Ујпешт за која настапуваат младинските репрезентативци на Македонија, Енис Барди и Виктор Ангелов не успеа да стигне до уште едно изненадување во Купот на Унгарија, откако во финалниот натпревар со 1-0 загуби од фаворитот Ференцварош.

Моментот на одлука се случи во 79. минута кога поранешниот фудбалер на премиерлигашот Вест Бромвич Албион, Золтан Гера, го постигна единствениот гол на мечот, кој беше доволен за одбрана на Ференцварош на Куп трофејот на Унгарија. 

На овој дуел од првата минута настапи Барди, кој подоцна во 85. минута беше заменет, додека Ангелов остана на клупата за резерви.