ВИДЕО: УФА го шокира шампионот, Русија има три лидери во шампионатот

Сензационалниот пораз на шампионот Зенит на теренот на УФА со 1-0 го фрли во сенка дербито на Краснодар и Локомотив Москва во рамките на седмото коло од руската Премиер лига. 

Зенит првпат капитулира, и откако тоа го стори и Ростов минатиот викенд, нема непоразени во шампионатот на Русија. Единствениот гол за победата на УЕФА го постигна Фомин во 79. минута.

Во Краснодар, на водството на Криховјак, одговори младиот феномен Сулејманов за реми меѓу Краснодар и Локомотив Москва.

  • Краснодар - Локомотив Москва 1-1:

  • УФА - Зенит Санкт Петербург 1-0: 

Гостинска победа извојува Динамо Москва на гостувањето на Тамбов со 0-2 со головите на Филип и Панченко. На табелата со по 14 бода водат Зенит, Краснодар и Локомотив Москва.