ВИДЕО: УФА е „убиец“ на гигантите - по Зенит, го совлада и Спартак Москва

Еден од најмладите руски премиерлигаши, екипата на УФА изненади уште еден фаворит во тековниот шампионат. Во првиот дуел од 10. коло на најсилниот шампионат на Русија, УФА го победи Спартак Москва со 1-0 (1-0), а единствениот гол беше автогол на Николај Расказов уште во 13. минута.

  • Извештај од натпреварот: 

Со оваа победа УФА стигна до 14 бода, исто колку и тимот кој што попладнево го совлада пред своите гледачи. Пред нешто повеќе од еден месец, УФА извојува победа на домашен терен и против шампионот Зенит Санкт Петербург.

Утре дерби дуелот го играат Зенит и Рубин Казањ, а в недела, по дебаклот во Бугарија, ЦСКА Москва го пречекува тимот на Краснодар.