• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалски првак Вардар немаше среќа да поведе на стартот на натпреварот против Розенборг, затоа што стативата беше сојузник на домаќинот.
Уште во 3. минута од натпреварот Вардар го притисна Розенборг на својата половина, а вистинска ракета испрати Дејан Блажевски од 30-тина метри, но неговиот удар заврши во стативата на голот на домашниот голман.
Вардар брка прв гол во Лига Европа и први бодови, по поразот од Зенит во првото коло (0-5).