УЕФА жестоко казни неколку клубови, меѓу нив Ријека, Осијек и Арис

Ријека

Европската куќа на фудбалот одлучи да казни единаесет клубови кои минатите сезони имале проблеми со финансиите и должат големи суми за неисплатени плати на одредени играчи. 

Меѓу казнетите клубови се наоѓаат хрватските Ријека и Осијек, а на оваа листа се најде и Арис од Солун. Одлуката за казна УЕФА ја темели на новиот правилник за финасиска стабилност на клубовите, кој беше неодамна усвоен од нивното соодветно тело. 

Ријека е казнета со сума од 450.000 евра, а Осијек ќе мора да подмири долг од 600.000 евра. Грчки Арис исто така е на овој список поради должнички проблеми и големо доцнење на платите за одредени играчи. Хрватските медиуми јавуваат дека на Ријека и Осијек им се заканува дури и исфрлање од било кое европско натпреварување, без оглед на тоа што евентуално би успеале да се пласираат. 

Претставници на УЕФА изјавија дека одлуките се донесени на сериозна основа, со детални проверки спроведени во три фази. Дел од клубовите имаат и условни казни, па така на пример, доколку успеат да ги подмират долговите во одреден рок, ќе имаат шанса казната за еврокуповите да им се намали или поништи. 

Листата на казнети клубови од УЕФА:
1. Ријека
2. Осијек
3. Арис Солун
4. Коњаспор
5. Олимпија Љубљана
6. Валмеира
7. Астана
8. Борац Бања Лука
9. СК Петропавлоск
10. Флориана