• Иван Димовски
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) жестоко го санкционираше Фудбалскиот сојуз на Хрватска поради инцидентите што ги предизвикаа навивачите на четвртфиналниот двомеч во Лигата на нации против Франција. „Коцкестите“ славеа на првиот меч со 2-0, но на реваншот во Париз загубија со ист резултат, а потоа беа елиминирани по изведување пенали. Сепак, главниот проблем не беше резултатот, туку однесувањето на хрватските навивачи, кои според извештајот на УЕФА извршиле расистички и дискриминаторни испади.
Хрватска доби казна во вкупна вредност од 93.000 евра, поделена на следниот начин: за првиот меч е казна 32.000 евра – од кои 10.000 за палење пиротехника, 8.000 за користење ласери и 14.000 за блокирани приоди на трибините. За реваншот во Париз: 25.000 евра се за пиротехника, 8.000 евра се за направена штета, како и задолжение да ги надомести трошоците за оштетениот стадион „Стад де Франс“.
Како дополнителна мерка, УЕФА одлучи следниот домашен меч на Хрватска да се игра без публика, а за првиот следен натпревар на гости ќе има забрана за продажба на билети на хрватски навивачи.
Овие санкции важат за натпревари под капата на УЕФА, односно за новото издание на Лигата на нации, за кое дополнително е изречена казна од 30.000 евра.
ФОТО/PHOTO: Hrvatski nogometni savez/Facebook