УЕФА затвори дел од стадионот на Ренџерс поради расистички испади

Ренџерс

Дуелот меѓу Легија и Ренџерс предизвика големи инциденти на трибините. Навивачите на гостинската екипа од Шкотска направија неколку расистички испади, па заслужено добија казна од УЕФА.

Европската куќа на фудбалот не дозволува неспортско однесување внатре, но и надвор од теренот. Поради тоа дисциплинската комисија веднаш реагираше и ги затвори вратите од стадионот.

„Клубот постојано ги замолуваше навивачите да се воздржат од вакви испади или било какви други форми на неприфатливо однесување. За жал, предупредувањата стигнаа до глуви уши. Постапувањето на дел од навивачката група ќе му наштети на клубот, а на поголемиот дел од добрите и пристојни навивачи на Ренџерс ќе им донесе тешка казна“ , стои во соопштението од клубот.

На реваншот во Глазгов ќе биде затворен дел од трибините на „Ајброкс“, а се очекува забрана за влез на околу 3.000 навивачи.