УЕФА започна истрага за наместени фудбалски натпревари во Црна Гора

Само два дена по семинарот на УЕФА кој се одржа во Будва, наместо добри вести за црногорскиот фудбалски сојуз, стигнуваат вести за истрага на наводно наместени натпревари.

Имено, ФСЦГ ја извести јавноста дека од страна на УЕФА ќе се води истрага за два натпревари од црногорскиот фудбал. Во извештаите на УЕФА се најде натпреварот од 9. коло меѓу Искра и Дечич, кој заврши со победа од 4-1 (2-0) на домашниот тим, и мечот од 10. коло од втората лига меѓу Отрант и Челик, кој заврши со резултат 6-1 за тимот на Отрант.

Како што се наведува во соопштението од ФСЦГ, целата документација добиена од УЕФА од овие два натпревари е проследена до полициските власти и Врховниот суд, кои треба целосно да ја истражат новонастанатата ситуација. Овие два натпревари се први оваа сезона од Црна Гора, за кои УЕФА има сомневање за нерегуларности. 

Претходно под истрага беа и европските натпревари на Челик. Некои од фудбалерите беа приморани да патуваат и до Нион за да дадат изјави, но и во тој случај УЕФА не успеа да докажe дека има новодно местење на натпревар.