УЕФА забрани шест парови во квалификациите за СП: Србија, Косово, Русија...

Иако до ждрепката за квалификациите за следното Светско првенство има уште пет месеци, на последниот состанок на УЕФА беа донесени неколку одлуки и одлучи по каков формат ќе се играат истите. 

55 селекции ќе се борат за учество на Мундијалот во Катар, а УЕФА објави кои селекции нема да може да бидат во иста група, поради политички причини. 

Тоа се Србија и Косово, Босна и Херцеговина и Косово, Русија и Косово, Русија и Украина, Шпанија и Гибралтар и Ерменија и Азербејџан.

Исто така, беше решено дека нема да може да има повеќе од три репрезентации во иста група кои имаат проблем да играат зимски натпревари: Белорусија, Естонија, Фарски Острови, Финска, Исланд, Летонија, Литванија, Норвешка, Русија и Украина.