УЕФА за Македонија: Пандев е најважен, внимавајте на Елмас

Фудбалската репрезентација на Македонија за првпат во историјата ќе игра на едно Европско првенство (ЕП) со обезбедениот пласман на континенталниот собир во 2021 година.

„Црвено-жолтите“ тоа го направија со победа во Грузија (0-1) во финалето во новоформираната Лига на нации. Голот на Горан Пандев беше одлучувачки, а со тоа се исполни сонот на македонската фудбалска легенда на залезот на кариерата да игра на едно големо натпреварување.

УЕФА ги претстави сите учесници, па така и Македонија. Тренерот Игор Ангеловски е претставен како селектор кој претходно го водел Работнички до големи успеси, а како клучен играч очекувано поставен е Горан Пандев.

Како играч на кој треба да се внимава е Ељиф Елмас. За 21-годишникот на Наполи се вели дека е играч со неверојатна визија и во него се гледа наследник на Пандев.

Истовремено, се потенцира дека третото место на Македонија во квалификациите за ЕП е најдобро во историјата на нашиот национален тим.

Македонија на ЕП 2021 ќе игра во групата Ц заедно со Холандија, Украина и Австрија.