УЕФА тим на годината: Мбапе го замени Нејмар во нападот покрај Меси и Роналдо

УЕФА 2018

На веб страницата на УЕФА беше објавен најдоброт тим за изминатата 2018 година. За истиот беа собрани над 1,8 милиони гласови од навивачите.

На голот, со 30,4% од гласовите, се најде Марк Андре Тер Штеген, а пред него стои четворката која ја сочинуваат Серхио Рамос (49,7%), Виргил Ван Дијк (46,2%), Рафаел Варан (44,9%) и Марсело (61,1%).

Средниот ред го предводи освојувачот на „Златната топка“, Лука Модриќ (68,5%), а тука се уште и Н'Голо Канте (53%) и Еден Азар (57,9%).

Ударното напаѓачко трио го предводи Килиан Мбапе (38,6%), кој се најде покрај Лионел Меси (63,7%) и Кристијано Роналдо (64,3%).