УЕФА руши рекорди, преку 28 милиони фанови аплицирале за влезници на ЕП

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) на својата официјална веб страница објави информација за досегашната побарувачка на билети за претстојното Европско првенство, кое ќе се игра во 12 градови ширум континентот. УЕФА нагласи дека според последните пребројувања, вкупно 28,3 милиони фанови аплицирале онлајн за билети, а достапни се вкупно 2,5 милиони. 

За финалниот меч на „Вембли“ кој собира околу 90.000 гледачи, до адресите на УЕФА стигнале 714.000 апликации, што е готово осум пати повеќе од капацитетот на стадионот. 

Европскиот шампионат ќе се одржи од 12 јуни до 12 јули оваа година, а досега дваесет репрезентации го чекираа своето место.

Македонија игра полуфинале од Лигата на нациите, па преку Косово и подобриот од дуелот меѓу Грузија и Белорусија, може да стигне со завршницата.