• Сашо Поповски

Инцидентите за време на финалето на изминатото Европско првенство ја натераа УЕФА да отвори постапка против Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
По неколкунеделна истрага, Европската куќа на фудбалот одлучи да разгледа дополнителна казна за немилите настани пред „Вембли“. Голем број англиски фанови се обидоа насилно да влезат на трбините и тоа со физичка пресметка со обезбедувањето и полицијата пред стадионот во Лондон.
Се разгледуваат и случувањата за време на натпреварот, како исвиркувањето на италијанската химна, фрлањето предмети на теренот и користењето пиротехника.
Италија ја победи Англија по пенал тулето и се израдува на втората европска титула во својата историја.