УЕФА прави нови промени, се зголемува бројката на фудбалери кои ќе играат на ЕП!?

ЕУРО УЕФА

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) размислува да ја зголеми бројката на фудбалери на кои репрезентациите ќе можат да сметаат за претстојното Европско првенство.

Причина за овој предлог е да се намали притисокот врз учесниците во овој период на пандемија. Првичниот план е бројот да се зголеми од 23 на 25.

Селекторите имаат обврска до крајот на мај да го испратат конечниот список на фудбалери со кои ќе се надигруваат на континенталниот собир. Турнирот кој требаше да се одигра минатата година ќе се одржи ова лето од 11 јуни до 11 јули.

УЕФА претходно потврди дека на првенството ќе има можност да се прават по пет измени. Првиот човек Александер Чеферин најави дека публика ќе има на стадионите, па сите градови домаќини ќе мора да обезбедат услови за да се случи тоа во добиениот рок.

Македонија ќе го има дебито на големите натпреварувања. Нашата репрезентација ќе игра во Букурешт, а потоа и во Амстердам. Противници ќе ѝ бидат Украина, Австрија и Холандија.