УЕФА потврди: Вардар е „чист“, нема европска суспензија

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) соопшти дека македонскиот фудбалски клуб Вардар избегнал суспензија од европските купови, затоа што навремено ги подмирил бараните обврски.

На Вардар му беше наредено дека треба да ги подмири сите долгови кон играчите до 30 септември, 2018 година, во спротивно ќе добие суспензија од две години од европските купови. Од таборот на „црвено-црните“ реагираа експресно, па ја завршија целата процедура.

>>> Вардар доби рок од УЕФА, долговите би можеле да му донесат двегодишна суспензија

„Во декември, 2018 година, Финансиската контролна комисија на УЕФА одлучи дека ќе ги суспендира Вардар и Левски во наредните две европски лета, само ако не ги исплатат сите долгови до 30 септември, 2018 година. Рокот беше запазен, па така, најавите кои ги поставивме нема да се реализираат“, стои на интернет-страницата на УЕФА.

>>> Gol.mk дознава: Вардар ги подмири долговите, нема суспензија од УЕФА!

И покрај тоа што нема забрана од УЕФА, Вардар нема да има европско лето, затоа што не доби европска лиценца од страна на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), поради финансиска нестабилност.