УЕФА потврди: Од 2024 нов формат во ЛШ, ќе учествуваат 36 екипи

Европската фудбалска федерација (УЕФА) го потврди новиот формат на Лигата на шампионите, кој ќе стапи на сила во 2024 година.

Елитното клупско фудбалско натпреварување ќе доживее голема промена, бидејќи од 2024 година ќе има 36 клубови кои ќе се натпреваруваат во една група, а секоја екипа ќе игра по десет натпревари. Осумте екипи со најголем број бодови ќе се пласираат директно во нокаут фазата.

Доколку предлогот биде усвоен, сите учесници во новиот формат на Лигата на шампионите би биле поделени во четири „дивизии“ по квалитет, а потоа би се утврдиле ривалите во првата фаза, во која секој клуб ќе одигра по пет меча дома и пет на гости.

На пример, најсилните тимови во Европа ќе одиграат два натпревари против ривали од најсилната дивизија, три против ривалите од втората најсилна, три против екипите од третиот „шешир“ и два против оние од најслабите.

Поради зголемениот број натпревари во новата Лигата на шампионите (180 наместо сегашните 96 во воведната фаза, односно дури 225 според новиот систем на натпреварување, од почетокот до финалето), истите ќе се играат во вторник, среда и четврток.

Кога ќе завршат првите десет кола, осумте најдобри екипи одат директно во осминафиналето, а екипите кои се наоѓаат од 9. до 24. место на табелата ќе играат еден вид бараж, односно победниците ќе ги продолжат своите настапи во елиминационата фаза. Овој модел беше усвоен на состанокот на челниците на УЕФА, кој се одржа денес, а одлуката пристигна само 12 часа откако дванаесетте најголеми европски клубови потврдија дека ќе формираат Суперлига.