УЕФА потврди: Будимпешта и „Пушкаш Арена“ домаќини на финале во ЛШ!

Европската куќа на фудбалот (УЕФА), ги подели домаќинствата за клупските натпреварувања во сезоните 2025/26 и 2026/27. 

Огромна чест добија Унгарците, бидејќи домаќин на финалето во 2026 година ќе биде „Пушкаш Арена“ во Будимпешта. Овој нов и модерен стадион веќе беше домаќин на еден Суперкуп на Европа и претходното финале во Лига Европа, а на него се играа и натпревари од Европското првенство. УЕФА откри и дека за сезоната 2027 размислува за „Сан Сиро“ како домаќин, меѓутоа се чека на италијанскиот сојуз кој најави реновирање. Инаку, следното финале во Лигата на шампионите во 2025 се игра на „Алијанц Арена“.

Што се однесува до Лига Европа, веќе беше познато дека следната година финалето ќе се игра на „Сан Мамеш“ во Билбао. За сезоната 2025/26 домаќинството го доби Истанбул и „Бешикташ парк“, кој исто така ќе биде домаќин и на финалето во Конференциската лига во 2027. За Лига Европа во 2027 задолжен ќе биде Франкфурт

Конференциската лига од претходно се знаеше дека догодина ќе се игра во полски Вроцлав, а „Ред Бул Арена“ во Лајпциг доби домаќинство за сезоната 2025/26.