• Саше Љолес

Европската фудбалска федерација (УЕФА) покрена истрага против Барселона во случајот кој веќе се води против каталонскиот клуб од страна на шпанското обвинителство и кој го носи името „Негреира“.
Раководството на Барса е осомничено дека плаќало големи суми за поткуп на потпретседателот на Судиската комисија во Примера, Енрикез Негреира.
Lo cuenta @jfelixdiaz
"La UEFA ya ha comunicado al Barcelona que está investigando si el club ha vulnerado su reglamento disciplinario por el 'Caso Negreira"
"Se procederá a abrir un expediente administrativo" pic.twitter.com/jZGLD1H0V3
— Radio MARCA (@RadioMARCA) March 23, 2023
Угледниот шпански весник и радио „Марка“ објавува дека УЕФА ја започнало својата постапка во овој случај и дека доколку биде докажана вина, можни се жестоки казни за Барселона.
„Уефа смета дека постојат доволно аргументи за отпочнување постапка која опфаќа кршење на правилата за фер-плеј и финансиски малверзации. Инспекторите веќе ја започнале својата работа, а не е познато до кој степен се стигнати нивните заклучоци и каква ќе биде понатамошната реакција на УЕФА“, јавува „Марка“.
Голем дел од медиумите во Шпанија веќе најавија дека првиот чекор кон Барселона би бил одземање на дури 15 бодови во првенството, а дополнителните казни и санкции допрва би биле објавени. Се споменува забрана за трансфери во следните два преодни рока, како и голема финансиска отштета што Каталонците евентуално би морале да ја платат како своевиедна компензација за „нефер играта“ во случајот „Негреира“.
Има и луѓе кои не веруваат во евентуална вмешаност на Барселона во овој скандал, а меѓу нив беше и поранешниот играч на Реал Мадрид, Рамон Калдерон, кој изјави дека „не доживеал премногу судиски „грешки“ во корист на тимот од Каталонија“ и дека „треба Барселона да биде оставена на мир да си ја работи својата работа“.
Скандалот со случајот „Негреира“ полека влегува во својот зенит, а расветлувањето на случајот ќе биде занимливо за многумина.