УЕФА планира да ги покани Бразил и Аргентина во следното издание на Лигата на нации

Бразил

Додека Светската фудббалска организација (ФИФА) се обидува да направи Светско првенство на две години, Европската фудбалска централа (УЕФА) прави напори да ги убеди Аргентина и Бразил да бидат дел од следното издание на Лигата на нации.

Планот на Европската куќа на фудбалот е да испрати предлог до ФИФА. Истиот вклучува Мундијал на четири години, но и Меѓународна Лига на нации, која покрај европски, ќе вклучува репрезентации од остатокот од светот.

УЕФА и КОНМЕБОЛ имаат одлична соработка. Доказ за тоа е дуелот на шампионите од изминатите контиенентални собири, кој ќе го одиграат Италија и Аргентина.

Џани Инфантино, првиот човек на ФИФА, пак, настојува светскиот собир да се одржува на две години. Моментално води кампања, против која е поголемиот дел од фудбалскиот свет и експерти.