• Мартин Танасковски
Европската куќа на фудбалот УЕФА повторно изрече финансиска санкција за македонскиот клуб Шкендија поради прекршување на безбедносните правила.
Казната се однесува на натпреварот против Самсунспор, одигран на 19 февруари 2026 година, кој заврши со победа на гостинскиот тим од 1-0.
Според одлуката на УЕФА, причината за санкцијата е блокирање на стадионот, што претставува прекршување на член 38 од правилникот за безбедност и сигурност. Поради овој момент, Шкендија ќе треба да плати парична казна во износ од 8.000 евра.
Ова не е првпат клубот од Тетово да се соочи со дисциплински мерки од УЕФА оваа сезона, откако претходно доби две вкупни казни од околу 25.000 евра.









