УЕФА нуди две опции: Како да се доиграат сезоните во првенствата?

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) на последниот состанок го одложи Европското првенство кое требаше да се игра ова лето, со цел да завршат сите домашни шампионати.

Според УЕФА сите првенства треба да бидат готови најдоцна до 30 јуни, но не може ништо да се гарантира, поради ситуацијата со коронавирусот која владее во Европа и во светот.

Од Италија велат дека УЕФА има две опции, доколку дојде од пробивање на рокот. Првата опција е да се завршат сите првенства, а потоа да се доиграат натпреварите во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, но ова е малку веројатно.

Втората опција е првенствата и европските натпреварувања да се играат истовремено и сезоната да заврши најдоцна до 30 август. Додека се играат сите мечеви ќе трае и летниот преоден рок.

Одморот за играчите би бил во месец септември, а новата сезона ќе стартува во месец октомври. Засега фудбал во Европа се игра само во една земја, а тоа е Белорусија.