УЕФА не простува: Нејмар ќе добие три меча суспензија?

Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар, се соочува со казна од три меча неиграње во европските Купови, поради критиките за судиите по реванш-натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите против тимот на Манчестер Јунајтед.

Повредениот Бразилец беше револтиран од елиминацијата, а според „Тајмс“ тој за неговите критики ќе добие три меча суспензија.

„Срамота! Четврица кои не го познаваат фудбалот ги гледаат спорните моменти. Невозможно! Како да ги постави човек рацете кога е свртен со грбот?“, напиша Нејмар на својот Инстаграм профил, алудирајќи на лицата во ВАР-собата.

Ова значи дека Нејмар скоро сигурно ќе гомпропушти стартот на наредната Лига на шампиони, а дали и следната сезона ќе биде дел од тимот на ПСЖ или пак ќе бидеме сведоци на нов спектакуларен трансфер останува да видиме во претстојниот летен преоден рок.