УЕФА најави: По успешната презентација во ЛШ, ВАР доаѓа и во Лига Европа

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) најави дека в четврток започнува со користење на ВАР технологијата и на мечевите во Лигата на Европа.

Од УЕФА истакнаа дека се презадоволни со досегашната употреба на видео анализата во Лигата на шампионите, а дојде време и за презентацијата во второто континентално натпреварување.

  •  Официјална најава на Твитер профилот на УЕФА: 

Претходно, од Европската куќа на фудбалот им наложија на учесниците во плеј-офот од Лигата на нации дека ќе мораат да воведат ВАР, што директно ја засегна Фудбалската федерација на Македонија

<<< - ПОВРЗАНО - УЕФА наложи: ФФМ мора да имплементира ВАР за Македонија - Косово

Исто така, УЕФА побара да воведе ВАР и во европскиот дел од квалификациите на Светското првенство во 2020 година, за што сè уште чека одобрение од ФИФА.