УЕФА молчи, ПАОК пак провоцира: Македонија е една и единствена и таа е тука!

Со часови пред натпреварот од второто коло од квалификациите на Лигата на шампионите меѓу ПАОК и Ајакс, „Тумба“ е полн. Еден од највековечните транспаренти уште стои на северната трибина на легендарниот стадион.
 
На стадионот пак стои огромен транспарент: „Македонија е една и единствена и таа е тука“.
 
УЕФА би требало да го санкционира ПАОК за политичка провокација, бидејќи тие се строго забранети на фудбалските терени. Сепак, скоро на сите натпревари минатите години, транспарентот не беше тргнат, делегатот не запиша негативни оценки, ПАОК никогаш не доби казна од УЕФА.

Очигледно, Европската фудбалска централа не гледа идентично кон сите политички пораки на фудбалските стадиони.