УЕФА мистериозно го смени судијата на дуелот Ајакс - Реал Мадрид

УЕФА направи непланирана рокада на делителот на правдата на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите меѓу Ајакс и Реал Мадрид. Словенецот Дамир Скомина денес беше одново назначен за главен судија в среда навечер на „Јохан Кројф Арена“. 

Полскиот судија Шимон Марчињак беше првично делегиран, но тој нема ќе биде ВАР судија, а не главен делител на правдата.

Вакви случаи многу ретко се случуваат, посебно заради податокот што УЕФА ги делегира судиите само три дена пред одигрувањето на натпреварите.

Осминафиналните натпревари се први во Лигата на шампионите на кои ќе се користи ВАР-технологијата.