• Горан Упале

Европската фудбалска унија (УЕФА) најверојатно ќе се откаже од планот за учество на 32 репрезентации на Европското првенство во 2028 година.
Идејата за зголемување на бројот на репрезентациите на Европското првенство се споменува веќе подолго време. Идејата беше таа бројка да се зголеми од 24 на 32, со што ќе се промени и системот на квалификации. Во тој случај повеќе од половина од европските репрезентации би биле на завршниот турнир.
Како што сега стојат работите, УЕФА засега ќе се откаже од намерата да го зголеми бројот на учесници на ЕУРО. На минатогодишното ЕП учествуваа 24 репрезентации, наспроти претходните 16. На одлуката на УЕФА и претходеа бројни преговори со различни страни, а по сè изгледа преовладаа аргументите на радиодифузерите.
„УЕФА имаше преговори со радиодифузерите низ Европа и сите тие се на мислење дека квалификациите целосно ќе го изгубат своето значење. Ако на првенството одат 32 селекции, тогаш практично секоја квалификациска група би била однапред решена и нема да има толку многу интересни натпревари. УЕФА ја предложи и идејата за елиминациски натпревари, но и тоа не беше дочекано со ентузијазам“, пишуваат британските медиуми.
Конечната одлука ќе биде донесена на состанокот на Извршниот комитет на УЕФА закажан за ноември. Домаќин на ЕП 2028 ќе биде Англија.