• Саше Љолес
Фудбалерот на Реал Мадрид, Даниел Карвахал, се соочува со суспензија од УЕФА поради инцидентот со играчот на Арсенал, Бујако Сака, кој се случи за време на паузата меѓу двете полувремиња на четвртфиналниот реванш во Лигата на шампионите.
Двајцата разменија неколку жестоки реченици, а Карвахал имаше и мал физички контакт со Сака, поради кој може да добие суспензија или казна од Европската фудбалска унија. Шпанецот го „оправда“ потегот со тврдењето дека Сака покажал големо непочитување за голманот Тибо Куртоа, но тоа нема да го „амнестира“ од дисциплинската комисија на УЕФА.
Се претпоставува дека Карвахал може да добие суспензија од четири натпревари, најмногу поради тоа што се наоѓал во забранета зона за играчи кои не се во составот, но може да добие и парична казна поради навредите кон англискиот репрезентативец.
За потсетување, Реал Мадрид беше елиминиран од Арсенал. „Топчиите“ на Микел Артета минаа во полуфиналето, каде ќе се соочат со францускиот ПСЖ.