УЕФА ќе ги укине продолженијата во Лигата на шампионите!?

УЕФА ја разгледува можноста за укинување на продолженијата во плејофот во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и конференциската лига, пишува „Гардијан“.

Целта е да се намали минутажата што ја играат најквалитетните фудбалери секоја сезона, а дискусијата се уште е неофицијална. Одлуката може да се донесе дури по 2027 година поради актуелниот договор за телевизиските права.

Елиминирањето на продолженијата, кои моментално се играат по 15 минути во секое полувреме, може да го намали притисокот врз играчите и да им помогне на помалите клубови да имаат подобри шанси против поголемите тимови.

Покрај тоа, телевизиските станици не би биле изложени на ризик од промени во програмите.