„УЕФА ќе ги исклучи од Европа на две сезони Реал, Барса, Јуве и Милан!“

Иако деновиве се смири полемиката околу Суперлигата, која постоеше само два дена, на повидок е нова „бура“. УЕФА ќе ги суспендира на две години клубовите кои уште се членови Суперлигата, јавува американскиот ЕСПН.

Според членот 51 на статутот на УЕФА, во кој се забранува секаков сојуз или партнерство меѓу клубовите, Реал Мадрид, Барселона, Јувентус и Милан две години ќе останат без настап во евро-куповите, тврди релеванртниот медиум од Соединетите Американски Држави. ЕСПН дури и најави дека клубовите веќе ја разгледуваат можност за експресна жалба доколку казната биде потврдена.

Чеферин неколку пати најави казни, а вчера доби критики и од првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, кој рече дека казни не се најдоброто решение за клубовите. 

На останатите клубови - основачи на Суперлигата, УЕФА ќе им додели поблаги парични казни.