• Саше Љолес
Европската фудбалска унија (УЕФА) одржала состанок на кој детално биле разгледувани можностите за промена на правилото кое беше пресудно за елиминацијата на Атлетико Мадрид од Лигата на шампионите.
На оваа средба присуствувале претставници на Меѓународниот борд и Управниот одбор, како и фудбалски експерти и поранешни тренери, кои заеднички ги изнеле своите ставови околу ова правило и неговата примена во иднина.
„Дуплиот“ контакт со топката на Хулијан Алварез доведе до тоа неговиот гол да биде поништен од судијата Симон Марчињак, кој ја донесе одлуката во консултација со ВАР-собата, од каде тврдат дека Аргентинецот имал минимален, но сепак, двоен контакт со топката пред ударот од белата точка.
Правилото скоро сигурно ќе претрпи одредени промени во иднина, односно ќе се применува само кога двојниот контакт со топката е очигледен и намерен, а дел од експертите зборуваат и за негово комплетно укинување. Повеќе информации се очекуваат во следниот период.