УЕФА ја „преполови“ казната, ФФМ плаќа 9.000 евра за пиротехника и ласери

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) мина олеснително кај УЕФА и за недолично однесување на публиката ќе треба да уплати 9.000 евра на адреса на европската куќа на фудбалот.

ФФМ се најде на тапет кај дисциплинската комисија поради недолично однесување на поединци во рамки на два меча во Лигата на нациите. На мечот против Ерменија, делегатот во записникот внесе користење на пиротехника, додека на дуелот со Лихтенштајн, беа користени ласери.

Казната за овие дела во евроквалификациите изнесува околу 20.000 евра, но со оглед на фактот дека се работи за Лигата на нациите и ова се први пропусти на организациски план ФФМ на домашните мечеви во новоформираното натпреварување, овој пат казната е под олеснителни околности.

За мечот против Гибралтар во Лигата на нациите, делегатот нема забелешки и УЕФА нема покренато дисциплинска постапка.

УЕФА Лига на нации, Лига Д, Гр. 4
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МакедонијаМакедонија 6 5 0 1 14:5 9 15
2 ЕрменијаЕрменија 6 3 1 2 14:8 6 10
3 ГибралтарГибралтар 6 2 0 4 5:15 -10 6
4 ЛихтенштајнЛихтенштајн 6 1 1 4 7:12 -5 4