УЕФА ја намали казната за Ханси Флик, ќе ја предводи Барса на првиот меч во ЛШ

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ќе ја води екипата на првиот натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона против Њукасл, откако УЕФА денес ја ублажи неговата суспензија.

Флик и неговиот помошник, Маркус Зорг, беа суспендирани на по еден натпревар поради „непримерно однесување“ за време на елиминацијата на Барселона во полуфиналето на Лигата на шампионите против Интер минатата сезона.

По поднесената жалба, УЕФА одлучи казната да биде условна и одложена на период од една година. Сепак, паричната казна од по 20.000 евра за двајцата тренери останува на сила, соопшти Европската фудбалска федерација.

ФОТО/PHOTO: Barcelona FC/Facebook