УЕФА ја казни нашата федерација за исвиркување на бугарската химна

Европската фудбалска унија ја изрече казната до Фудбалската федерација на Македонија, заради организациони пропусти, меѓу кои и исвиркување на бугарската химна на натпреварот од Лигата на нации на 26 септември годинава.

10.000 евра за исвиркување на химната и 4.500 евра за фрлање на предмети на теренот е казната за настаните на натпреварот Македонија - Бугарија. Нашата фудбалска федерација ќе треба да одвои вкупно 14.500 евра за сите немили настани на квалификацискиот натпревар кој нашиот противник го доби со 0-1.

Нашиот репрезентативец, Тодор Тодороски, кој беше исклучен, ќе мора да паузира на еден натпревар.