УЕФА одлучи: Македонија ќе плати казна поради кршење на ковид-протоколите!

Фудбалската федерација на Македонија ќе мора да плати парична казна во висина од 10.000 евра, поради прекршување на ковид-протоколите на репрезентацијата за време на Европското првенство.

Детални информации што се случило не се откриени за јавноста, само се наведува дека постоело „лошо однесување и потенцијално кршење на кодексот“.

Процесот кој го разгледуваше УЕФА не се водеше против некој фудбалер, туку се работи за прекршок на националниот тим. Одлуката гласи дека ФФМ ќе мора да плати санкција и има 90 дена за да го направи тоа, почнувајќи од 10 јули.

Македонската репрезентација гостуваше во Букурешт и Амстердам во рамки од групната фаза. На дебитантскиот настап на едно големо натпреварување запиша три порази на исто толку натпревари.