УЕФА ја има листата, ама наскоро ќе ги потврди градовите-домаќини на ЕП

УЕФА донесе тешка одлука и поради ширењето на коронавирусот го одложи Европското првенство за една година, па истото ќе започне во јуни 2021 година. Иако планот беше организацијата да остане според првичниот план, можна е промена на некој од градовите домаќини. 

Оваа информација ја изнесе член на извршниот одбор на УЕФА, Алексеј Сорокин за руските медиуми. 

„Сè ќе биде јасно на 30 април, кога ќе официјализираме кои градови ќе останат домаќини, а кои ќе се повлечат. Со сите сме во коннтакт, градовите имаат време до крајот на месецот да размислат дали ќе го задржат домаќинството. Ако некој се откаже немаме многу опции или ќе се бара нов град или ќе се распоредат натпреварите низ останатите“, изјави Сорокин. 

Репрезентацијата на Македонија треба да игра бараж дуел против Косово за пласман на континенталниот шампионат, кој од март беше одложен за јуни, а подоцна и за септември.