УЕФА иритирана од кандидатурата на Русија за ЕП 2028

Русија

УЕФА е подготвена да ја отфрли можноста Русија да биде домаќин на Европското првенство 2028 година.

Велика Британија и Ирска поднесоа заедничка кандидатура, а во последен момент рускиот и турскиот фудбалски сојуз покажаа интерес за домаќинството на турнирот за шест години.

Европската фудбалска унија не сакаше да ги коментира шпекулациите за можно исклучување на руската асоцијација. Многу светски медиуми пренесоа дека таа одлука е неизбежна, како политичка реакција на она што се случува во Украина. По воената агресија против Украина, Русија е изолирана во меѓународните спортови.

Извршниот комитет на УЕФА е подготвен да свика непланирани конференции за „повторна евалуација на кандидатурите и можност за носење на дополнителни одлуки“.