ФОТО: УЕФА им ја затвори трибината, но хулиганите на Легија дојдоа и испратија порака

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) изрече казна за навивачите на полскиот клуб Легија и им забрани присуство на северната трибина од стадионот на натпреварот од Конференциската лига, каде тимот од Варшава загуби од норвешкиот Молде со убедливи 0-3. 

Најжестоките фанови на Легија не смееја да се сместат на нивните вообичаени места, но тие најдоа начин како да се појават на стадионот и ја испровоцираа УЕФА со нова и скандалозна кореографија. На северната трибина стоеше паролата „УЕФА овој пат победи“, но тие се појавија на источната трибина и истакнаа интересен транспарент.

Дел од полските хулигани на социјалните мрежи пишуваат дека „УЕФА доживеала понижување во Варшава“, но тоа сигурно ќе предизвика и дополнителни казни за клубот, како и евентуална долга забрана за присуство на навивачите, а ништо чудно и клубот да добие голема парична казна за нивното однесување.