УЕФА и официјално покрена постапка против Роналдо 

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) и официјално покрена истрага против Кристијано Роналдо за неговата „непристојна“ прослава на третиот погодок на натпреварот во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. 

Португалецот на тој меч запиша „хет-трик“, по кој Јуве обезбеди четвртфинале во елитата на европскиот фудбал, но сега му се заканува суспензија заради „неспортското“ однесување. 

Тој ја имитираше прославата на Диего Симеоне од првиот нивни меѓусебен натпревар на „Ванда Метрополитано“, но тогаш Аргентинецот остана без суспензија, туку беше само парично казнет. Каква ќе биде одлуката на УЕФА за Роналдо ќе дознаеме четврток по состанокот на надлежното тело.